Македонскиот спортски свет во шок: Почина бившата ракометна репрезентативка Јулија Николиќ


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ракометниот свет е потресен од уште една лоша вест откако уште рано утрово дојде информација за смрт на поранешна репрезентативка на Македонија.

Синоќа ненадејно почина Јулија Николиќ (порано Партенко) која во својата кариера го носеше дресот на Кометал Ѓорче Петров и Вардар.

Партенко дојде во Македонија во 2003 година во тимот на Кометал Ѓорче Петров каде играше цели 6 години и набрзо дебитираше за македонската репрезентација.

Во 2013 повторно се врати во Македонија и го облече дресот на Вардар, а кариерата ја заврши во 2015 година.