Maкедонскиот спортски херој Марко на чекор од големата цел – предизвик му е неостварената желба од пред три години!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Oхриѓанецот Марко Печиновски на 28. август на големиот празник Голема Богородица ќе ја заврши својата мисија за ова лето и тоа со предизвикот кој остана негова неостварена желба.

16-годишниот маратонец со години наназад покажува дека и со некроза во ногата можеш да ги оствариш своите цели. Пред ова лето тој си постави за цел да исплива 250 километри и досега има 186, а последната делница од 64 километри ќе ја плива на 28. август.

„После 186 километри во девет препливувања, го најавувам моето последно препливување на релација Охрид – Струга – Св. Наум – Охрид во должина од 64 километри. Пред три години, поради болка во ногата, го прекинав пливањето на оваа релација која остана мој неостварен предизвик.

Тука сум да си докажам колку сум подобрен, да си докажам дека можам да го остварам мојот сон и да ја исполнам мојата желба и празнината која остана. Сакам да ве инспирира и вас, без разлика колку нешто изгледа тешко во животот, не значи дека е невозможно, без разлика какви се пречките кои ги имате на патот до успехот морате да продолжете и не смеете никогаш да се откажувате. Имајте своја цел, најдете свој мотив и остварете ја“, порача Марко во своето обраќање.