Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Патните правци кои водат кон источниот дел од Македонија се целосно затворени за сообраќај, информираше утрово Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Автопатот од Велес до Скопје е непрооден. Патниот правец од Штипска петља до Катланово е целосно затворен за сите видови на патнички и товарни возила. Од наплатна станица Отовица до Кула воопшто нема проодност на сообраќајот бидејќи има заглавено повеќе возила.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес се одвива по една коловозна лента.
Затворен е и магистралниот пат Штип – Кочани. Поради снежни наноси од селото Крупиште до бензиската пумпа Ваго сообраќајот е во прекин, соопшти АМСМ.
Во прекин е и сообраќајот на регионалниот пат Тетово – Јажинце кај селото Јажинце поради обилни врнежи од снег.
ЗАБРАНИ ЗА СООБРАЌАЈ: Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Маврово, Пресека, Ѓавато, Буково, К.Паланка – граничен премин Деве Баир, Струга – Ќафасан, Катланово – Велес и обратно.
НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е отворен за сообраќај само за патнички возила по една коловозна лента.
Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите по интервенција на екипите на Македонија Пат.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.