Славни

Македонскиот ракометар рипна во тавче – Талески во Крушево се заколна на вечна љубов (ФОТО)

Нашиот ракометен репрезентативец Филип Талески го кажа судбоносното „ДА“. Тој стапи во брак со својата избраничка Елена Секуловска, а се регистрирале во неговото родно Крушево.

Талески, кој инаку настапува за екипата на Рајн Некар има 22 години, а неговата сопруга е од Битола и живее во Германија.

Со ова и тој влегува во групата на ракометари во сениорскиот состав кои се во брак, а како изгледаше на регистрацијата можете да погледнете во продолжение од фотографиите објавени на неговиот Фејсбук профил.

Нека им е со среќа!

Извор: Јавно.мк

Advertisements
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top