Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нашиот ракометен репрезентативец Филип Талески го кажа судбоносното „ДА“. Тој стапи во брак со својата избраничка Елена Секуловска, а се регистрирале во неговото родно Крушево.
Талески, кој инаку настапува за екипата на Рајн Некар има 22 години, а неговата сопруга е од Битола и живее во Германија.
Со ова и тој влегува во групата на ракометари во сениорскиот состав кои се во брак, а како изгледаше на регистрацијата можете да погледнете во продолжение од фотографиите објавени на неговиот Фејсбук профил.
Нека им е со среќа!
Извор: Јавно.мк