Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонскиот писател Петар Андоновски е еден од овогодинешните 13 лауреати на Наградата за литература на Европската Унија. Ова соопштение го пренесе жирито, во чиј состав беше и македонската писателка Елизабета Баковска. Наградата Петар ја доби за романот „Страв од варвари“ во издание на „Или-или“.
„Наградата на ЕУ е одлична можност за нас кои доаѓаме од мали земји, со речиси непреводливи јазици, затоа што македонскиот јазик има малку говорители. Ова е одлична можност за нас да излеземе од границите“, вели Андоновски во изјава за СакамДаКажам.
Тој во 2016 ја доби наградата „Роман на годината“ за 2015, која ја доделуваше „Утрински весник“, за „Телото во кое треба да се живее“.
Освен Андоновски, уште тројца македонски писатели беа во потесната конкуренција за наградата. Станува збор за делата: „Утеха за голите“ на Давор Стојановски, во издание на „Или-или“, „Другата страна“ на Ѓорѓи Крстевски („Бегемот“ и „Последните денови на Ханс“ („Или-или“). Во потесниот избор беа 47 автори од 13 земји.
Македонски автори кои ја добиле наградата за литература на ЕУ досега се Гоце Смилевски во 2010 („Сестрата на Зигмунд Фројд“) и Лидија Димковска во 2013 за „Резервен живот“.