Македонскиот мото-крос ас Ќорнаков загина во параглајдерска несреќа


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Четириесет и седум годишниот Мирче Ќорнаков од гевгелиско Мрзенци, кој важеше за еден од најдобрите мото – крос возачи во Македонија, почина по успешното слетување со параглајдер му се слошило, во близина на манастирот ,,Свети Илија’’.

Имено, на Ќорнаков, кој бил член на Клуб за екстремни спортови, по неговото успешно слетување со параглајдер, му се слошило и по кратко време истиот починал, велат од МВР.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Гевгелија.

По Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.