Актуелно

Македонскиот извоз со пораст од 11,6 насто, увозот со пораст од 8 насто

Извозот во периодот од јануари до јули 2017 година бележи раст од 11,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, вредноста на извозот изнесува 3.045.862.000 долари. Увозот, пак, забележал раст од 8 отсто, а вредноста на увезената стока изнесува 4.133.355.000 долари.

Трговскиот дефицит, во овој период 1.087.493.000 долари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јули 2017, изнесува 73,5 отсто.

Најмногу се извезувале катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари-јули 2017 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Advertisements
To Top