Македонскиот херој е играч на денот на Европското првенство!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вчера Македонија ја запиша првата историска победа на едно Европско првенство ракомет, а како вистински капитен нашата репрезентација беше предводена од Никола Ѓоѓиев, пишува Спортски.мк.

Ѓорѓиев против Белорусија во победата од 3:1 во сетови запиша неверојатни 37 поени.

Погледнете како ечеше „Бисер Балкански“ во автобусот по натпреварот – тука.

Тој буквално го разби противникот, а неговата игра не остана незабележана и од Европската одбројкарска Федерација (ЦЕВ) која го прогласи Ѓорѓиев за играч на денот на ЕП.

Македонскиот капитен е избран за најдобар во групата Ц, зад него следуваа грчкиот репрезентативец Анастасис Протопасалтис освои 16 поени и Вилфредо Леон со 15 поени, ама кога ќе се собере овие двајца и заедно немаа поени колку нашиот Ѓорѓиев.

„Историјата е испишана за Македонија со првата победа на ЕП. Првиот сет го добија Белорусите, а потоа направија пресврт и победија со 3:1 во сетови. Во победата свое шоу имаше еден човек – капитенот Никола Ѓорѓиев. Имаше неверојатни 37 поени и го разби противникот со својот сервис и напад“, стои во описот на ЦЕВ за капитенот.

После вчерашниот натпревар своја изјава даде и Ѓорѓиев.

„Ова беше најважниот меч за нас во историјата – го добивме. Многу сум среќен, ова е моја репрезентација, оваа е мој тим, затоа бев многу тажен по мечевите кои ги загубивме, знаев дека можеме многу подобро. Можеби тоа што се зборуваше дека ова е историја ни создаваше некоја тежина, можеби целата оваа атмосфера околу нас беше причина за поразите, потребно беше да одиграме три натпревари, да имаме ден одмор и потоа да покажеме што можеме. Ова е голема, величествена победа. Овие момци имаат срце како планина“, изјави Ѓорѓиев.

Денес од 17:30 македонската репрезентација игра против Словенија.