Македонскиот голмански талент Талески од Хонка премина во грчки Лариса


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поради незадоволство од статусот кој го имаше во финскиот фудбалски клуб Хонка, 23-годишниот македонски голман Давор Талески одлучи својата професионална фудбалска кариера да ја продолжи во грчкиот прволигаш Лариса.

После раскинувањето на договорот со Финците, Талески експресно се договори со грчкиот фудбалски клуб и потпиша две и пол годишен договор.

Талески, својата професионална кариера ја започна во 2012 година, како член на прилепски 11 Октомври, а потоа помина и низ дресовите на Металург, Брегалница и Победа.