Македонскиот филм „Дедо и внук“ прогласен за најдобар странски филм на „Independent Film Awards“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Македонскиот игран филм „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски е прогласен за најдобар странски филм на престижниот „Independent Film Awards“ во Лондон.

Лондонскиот независен филмски фестивал е еден од најреномираните, се одржува секоја година и има над илјада пријавувања на филмови од повеќе од 50 земји. Се доделуваат признанија на филмови и сценарија во над 20 категории, вклучувајќи играни и кратки филмови, документарци, студентски филмови, анимации, телевизиски реклами, музички видеа и натпревар за сценаристи.

Филмот „Дедо и внук“ веќе освои шест награди на фестивали низ светот, меѓу кои за најдобра режија на „The Buddha International Film Festival“ и за најдобар филм на Интернационалниот филмски фестивал во Париз, а две награди доби и директорот на фотографија, Патру Паунеску.

Режисерот Пиперкоски е автор и на сценариото за филмот, кој раскажува за проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но и обични човечки приказни и односи момче-девојка, татко-син и дедо-внук.

Во филмот играат: Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други. Продуцент е Огнен Антов од „Дрим фактори“, во соработка со „Пандорас бокс продукција“ и „Елиен филм“ од Романија. Финансиски филмот е поддржан од Агенцијата за филм