Македонскиот бизнис сектор бара директен лет меѓу Скопје и Атина


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонските и бизнисмените од Грција бараат решенија за унапредувањето на соработката. Најголем потенцијал е забележан во градежниот бизнис, во земјоделството и преработувачката индустрија. Со заеднички сили велат дека полесно ќе се настапува на трети пазари. Бизнисмените од свете страни денеска во Скопје побараа воведување на директна  авио линија од нашиот главен град до грчката престолнина Атина.

Од посебна важност е развојот на индустријата како клучна гранка на стопанскиот развој и поттикнувач на економскиот развој. Она што е многу битно е да се воспостави директна авио линија меѓу Скопје и Атина која ќе биде од големо влијание за остварените средби помеѓу компаниите од Македонија и Грција, истакна Сотир Ампов, претседател на индустриска комора при ССК.

На прес конференцијата потенцирано е дека голем број грчки фирми од областа на текстилот ги затвораат своите претставништва во Македонија поради финансиски проблеми во Грција. Тоа значи и намалување на бројот вработувања, иако голем дел од работниците кои ќе останат без работа брзо се префрлаат или наоѓаат ангажман во фирми од некоја друга индустрија.

Значењето на новите технологии , сателитското следење на посевите , водните површини станува клучно во развојот на иновациите и оддржливо земјоделство  како и зголемување на соработката како и размена на искуства помеѓу двете министерства, изјави Александар Зарков, извршен директор на ССК.

Трговската размена меѓу двете земји лани изнесувала околу 600 милиони евра, од кои  150 милиони се извоз на наши производи во Грција, и 450 милиони увоз. Најчесто извезувана стока во Грција се земјоделските производи.  Грција е една од петте најзначајни трговски партнери на Македонија со најголеми инвестиции во банкарството, нафтената индустрија, трговијата и текстилот.