Музика

Македонскиот бенд „Визија” со два концерти во Патра, Грција

Македонскиот бенд Визија продолжува со своите интернационални настапи. Откако во мај годинава настапија пред француската публика во градот Дижон, сега во рамките на „Europe Convergence” ќе одржат и два концерти во градот Патра, кој се наоѓа во јужниот дел на Грција.

Концертите се закажани за 28. и 31. август, а покрај Визија, во периодот меѓу 26. август и 2 септември ќе настапат и бендови од Франција и Грција кои ќе го претстават својот материјал пред публиката во третиот по големина град во Грција.

Бендот „Визија” постои неполни 8 години, го сочинуваат Марко Џамбазоски, Марко Гапо, Лилјана Јанкова и Синиша Ѓорѓевиќ, а зад себе имаат настапи на звучни регионални фестивали како што се „Егзит”, „Заечарска гитаријада”, „Миксер”, „Јелен Демофест”, „Лејк фест”, „Таксират”, „Земјотрес” итн.

Advertisements
To Top