Македонски и унгарски научници ќе го испитуваат Охридското Езеро


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Научни работници од Хидробиолошкиот завод од Охрид, заедно со нивни колеги од Институтот за нуклеарни истражувања од Дебрецен, Унгарија, од понеделник ќе започнат истражувања на Охридското Езеро.

Јавноста, со повеќе детали за предвидените активности поврзани со ова значајно истражување, ќе биде запознаена истиот ден, на посебна прес-конференција што ќе се одржи во просториите на Хидробиолошкиот завод.

Најавено е на прес-конференцијата, покрај претставници од двата инстутити и истражувачкиот тим, да присуствува и унгарскиот амбасадор во земјава, Ласло Иштван Дукс.

Унгарија, од неодамна, има и свој почесен конзулат во Охрид.