Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
1.596.062.214 денари, или речиси 1,6 милијарди денари е вкупната сума на дивиденда која Македонски телеком ќе им ја исплати на акционерите. Овој предлог треба да помине на Собранието на друштвото на годишната седница која е закажана за 9 мај годинава.
„Бруто износот на дивиденда по акција е 18,5 денари. Друштвото, од бруто износот на дивиденда, доколку е применливо, при исплатата ќе ги задржи и уплати сите даноци, согласно важечката даночна регулатива во Република Северна Македонија на датумот на исплата, стои во предлог одлуката.
Инаку листата на акционери кои ќе имаат право на дивиденда е таа на 30.05. 2019 гоидна. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2018 година е 28.05.2019 година, а прв ден на тргување без право на дивиденда за 2018 година е 29.05.2019 година. Исплатата на дивиденда за 2018 година ќе се изврши до 30.09.2019 година.