Македонски шверцери фатени со 6,5 килограми хероин на Игуменица – дрогата ја откри куче


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Двајца македонски државјани кои сакале да шверцаат дрога од Грција во Италија беа уапсени на влезот на грчкото пристаниште Игуменица.

Шверцерите беа уапсени со шест килограми и 560 грама хероин, спакувани во 13 пакети, во обид со своето возило да прошверцуваат хероин. Станува збор за македонски државјани на возраст од 41 и 48 години.

Дрогата била скриена во внатрешноста на шасијата на автомобилот, а ја открило полициското куче.

Локалните медиуми пишуваат дека уапсените, со автомобилот, веројатно сакале да се качат на траект за Италија.

Грчката крајбрежна служба соопшти дека дрогата е запленета, како и патничкиот автомобил на уапсените.