Галерии

Македонски рунирани хотели и споменици низ објективот на фотографката Ксао Јанг

Ксао Јанг е самоука урбана фотографка која живее во Пекинг, Кина. Студирала и работела како дизајнерка за корисничко искуство во неколку интернационални компании како Мајкрософт, Моторола и Алибаба.

Како пасионирана обожавателка на патувањата, таа сега работи за кинеската туристичка компанија Qyer.com, кој е еден од најголемите и со најголем број посетители туристички сајт во Кина, кој е фокусиран на прекуморски патувачки услуги за независни патници.

Комбинацијата од страст кон патување и фотографија Ксао ја однесла во повеќе од 20 земји ширум светот. Фотографијата не е целовремена работна обврска во нејзиниот живот, туку повеќе целовремена опсесија и страст.

Како фотографка која е „навлечена“ на ноќната фотографија и сликањето со светлина како уметнички ефект, истражувањето на зафрлени објекти и места е една од главните преокупации на нејзините фотографии.

Во рамки на нејзините патувачко-фотографски истражувачки искуства и авантури, ја посети и Македонија, правејќи импресивни ноќни фотографии од некои запуштени и руинирани хотелски капацитети, културно-историски споменици и други интересни места.

Advertisements
To Top