Македонски државјани фатени со дрога на Ќафасан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Албанската полиција уапсила двајца македонски државјани на граничниот премин Ќафасан, на границата помеѓу Македонија и Албанија, кај Струга, под обвинение за „меѓународна трговија со наркотични средства“.

Според полициски извори на кои се повикува тиранската телевизија Топ чанел, станува збор за Методи М.(40) и Љубица З.(40) во чиј багаж, при излез од Албанија биле откриени четири пакетчиња со марихуана во вкупна тежина од еден килограм и 150 грама.

Двајцата биле патници во автобус, а при рутинска контрола дрогата била отркиена во патна торба на Методи М.