Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Maкедонската претставничка Ана Цветановска нема да настапи во дисциплината скијатлон во нордиско трчање која беше закажана за утре, потврдија од Македонскиот Олимписки Комитет.
МОК објави соопштение во кое потврдува дека Цветановска утре нема да настапи, но се очекува нејзин настап на следната трка која е на 10. февруари.
“Заради моменталната ситуација со КОВИД-19 и големиот број на пријавени натпреварувачи на утрешната трка (жени) на 7,5+7,5 км – Скијатлон, ФИС-Меѓународната скијачка федерација, која е единствена одговорна за спортскиот дел од програмата на Олимписките игри, донесе конечна одлука дека само лимитиран број на спортисти во женска конкуренција ќе може да настапат на утрешната трка во оваа дисциплина. За жал, заради исполнетоста на квотите од страна на подобро пласираните во оваа дисциплина, Ана Цветановска нема да може да настапи на оваа трка. Таа со нетрпение ја очекува својата трка на 10 км-класично, која на програмата е на 10 Февруари, со почеток во 08:00 часот по македонско време“, соопштија од МОК.