Македонската и косовската полиција на нозе, се трага по полицајци кои излетаa со возило во Лепенец


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонската полиција во координација со косовките колеги трага по двајца полицајци од Косово кои синоќа со возило излетале во реката Лепенец, од косовската страна на границата. Се претпоставува дека телата може да бидат пронајдени и однесени од реката на македонската страна од границата, поради што потрагата е долж реката Лепенец.

Косовскиот министер за внатрешни работи Бејтуш Гаши потврди дека потрагата освен на косовската страна се прави и долж течението на реката Лепенец, на македонскиот граничен појас, во близина на селото Блаце.

„Во постојана координација сме со македонските колеги, бидејќи не се отфрла можноста телата на нашите двајца полицајци речната струја да ги однела на македонска страна. Од нивна страна поставени се и неколку препреки, по првиот контакт, за евентуално да не пристигнало нешто. Заедничката акција продолжува“, изјави Гаши.

Високи косовски функционери се на терен откако синоќа во 20. 45 часот пристигна веста за несреќата. Во потрагата се вклучени големи полициски сили, противпожарни единици, нуркачки екипи.

Двајца косовски полицајци, А.Т. (23) и М.Д. (26), минатата ноќ исчезнаа кога нивното возило од непознати причини излета од автопатот Генерал Јанковиќ – Качаник во реката Лепенец. Двајцата полицајци се дел од Полициската станица од Качаник, а несреќата се случила за време на патрола на излез од градот, кога службеното возило во кое биле од непознати причини излетало од патот во провалија длабока 150 метри и завршило во водите на Лепенец.