Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Дел од децата со Даунов синдром во Македонија го загубија додатокот од државата од 6 илјади денари затоа што биле прегледувани од Комисијата за проценка за развојот кај децата со посебни потреби која заклучила дека имаат добра функционалност.
Родителите се гневни и резигнирани и велат дека без разлика на тоа колкав е напредокот кај дете со Даунов синдром, потреба од дефектолог секогаш ќе има, речиси секогаш во овие семејства еден од родителите не работи за да му се посвети на детето, со што тие семејства стануваат семејства во социјален ризик.
По објавената сторија на Канал 5 Ивана Петров од Струмица, мајка на дете со Даунов синдром, ја поздравува инцијативата за инклузија на децата во образовниот процес и пред се доколку напредуваат да учат во редовна настава. Но, таа реагира дека се заборава целиот претходен период пред да се донесе измена каде не сите деца со Даунов синдром може да добијат додаток, туку да добијат само децата со Даунов синдором кои имаат голема интелектуална попреченост. Родителите велат дека поместување има со воведувањето на инклузијата. Но претходно еден од родителите не бил во работен однос, зошто во голем дел од градинките претходно немало кадар.
Сè уште нема термини и бесплатни логопеди и дефектолози и не може одеднаш да се спроведат проценки и измени за укинување на додаток. И овој додаток им е од голема помош. Нејзиниот син Јован има шест од оваа година за прв пат бил примен во градинка. Тој иако ги знае со прст да ги покаже бројките, буквите и боите, нема говор и има проблем со социјализација.
Министерката Тренчевска по објавената сторија на Канал 5 објасни повтoрно комисијата ќе ги разгледа сите случаи и ќе се произнесе.
Од Комисијата за проценка за развој кај децата со посебни потреби објаснуваат дека дел од децата за додаток од шест илјади денари биле одбиени заради нецелосна документација. И велат дека родителите може да поднесаат жалба. Од комисијата за проценка велат дека од 113 деца со Даунов синдром и само кај осум деца се донело решение дека имаат добра функционланост. По објавената сторија на Канал 5 во комисијата се јавувале многу родители за да дознаат кои се права може да ги имаат. Од канцеларијата на Народниот Правобранител за Канал 5 потврдија дека родители поднеле преставка по одбивањето на додатокот.