Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според есенската прогноза на Европската комисија, очекувањата за македонската економија се попесимистички во споредба со оние кои беа проектирано во пролетната прогноза. Истите предвидуваат поцрни денови на нашата економија во споредба со предвидувањата на македонската Влада.
Според ЕК, македонската економија ќе се соочи со пад на БДП од 4,9 проценти, што е за 1 процентен поен полошо од првичните прогнози. Ќе се зголеми дефицитот и јавниот долг, а најпроблематичен ќе биде извозот.
Анализите на комисијата покажуваат дека поради епидемијата од коронавирусот невработеноста е зголемена, но сепак не толку како што првично се стравуваше. Ако е за утеха, Македонија во пролетните прогнози на Европската комисија се проценуваше дека ќе има зголемување на невработеноста на 18,1%. Но сега очекувањата се пооптимистички, 17, 3%.
Фрек Јанмат, шеф на Економскиот оддел при Делегацијата на Европската комисија во земјава
„Со оглед на значителната владина поддршка за вработувањето, загубите на работни места предизвикани од кризата, најверојатно ќе останат благи и во втората половина на годината. Падот на вработеноста беше мал во вториот квартал, бидејќи, пред се, странски копании ги задржаа своите квалификувани работници на платниот список.”
Сите економски показатели се со негативен предзнак – приватната потрошувачка се предвидува да се намали за 4,3% отсто, извозот за 15,5 отсто, а увозот оди во минус 12,5 отсто. Дефицитот во Буџетот ќе биде 8,6% проценти. Единствено пораст годинава се предвидува кај јавната потрошувачка за 3,3 отсто.
Домашната побарувачка, иако е поддржана од владините мерки, останува „пригушена“ и по укинувањето на мерките за ограничување, велат од ЕК.
Фрек Јанмат, шеф на Економскиот оддел при Делегацијата на Европската комисија во земјава
„Економијата до крајот на годината не ќе може да се опорави, а клучен проблем, која не се однесува само на земјата, туку глобално, е можноста ковид панедмијата да трае подолго“.
Се предвидува бавно и неизвесно економско закрепнување. Растот на БДП во 2021 година ќе биде 3,8 отсто, а во 2022 година 3,5 проценти.
Од земјите кандидати Црна Гора, поради туризмот, има најлоши прогнози со пад на економијата од дури 14, 3%. Албанија 6,8%. Србија најдобро ќе ја помине кризата. Економијата таму се очекува најмалку да забави, проектиран е минус од само 1,8%.