Македонската дипломатија одамна е претворена во реално шоу – дали водителката Ејупи ќе биде конзул во Њујорк?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Владата на синоќешната затворена седница, по предлог на Министерството за надворешни работи, наводно го утврдила предлогот во Њујорк да биде пратена за македонски генерален конзул Бесмира Ејупи, позната во јавноста како ТВ-презентерка.

Во наредниот период во консултации со кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, официјално ќе биде побаран агреман од земјата домаќин за новиот конзул.

Неодамна е донесена уште една одлука за Петрит Муслиу за генерален конзул во Чикаго. Муслиу, инаку синот на аналитичарот Алберт Муслиу неколку недели веќе е во Чикаго во македонскиот конзулат.

Дипломатски извори ги потврдија двете информации за МКД.мк, но владините портпароли Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната прес-конференција не одговорија дали Владата на затворениот дел од вчерашната седница одлучила Бесмира Ејупи да биде назначена за генерален конзул во Њујорк, САД.

– На отворената седница на Владата немаше точка со ова кадровско решение, рече портпаролот Душко Арсовски.