Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вкупниот промет на Македонската берза вчера изнесуваше 34.206.687 денари реализирани преку 55 трансакции и истргувана количина од 5.132 лотови. Индексот МБИ10 во црвена територија минус 0,09 отсто, со процент на промена пад за 2,08 индексни поени, со што денот го заврши на вредност од 2.254,78.
На врвот по прометот со учество од 35,66 отсто се најде акцијата на Макпетрол АД Скопје со истргувани 442 акции по просечна цена од 27.597,99 денари.
Во класичното тргување на листата на милионерите на денот се рангираа и следните хартии од вредност: Комерцијална Банка АД со промет од околу 3,7 милиони денари, Алкалоид АД Скопје со промет од 1,7 милиони денари и Бетон АД Скопје со промет од 1,4 милиони денари.
Вчера уште три блок трансакции со акциите на Нова Стоковна куќа Струмица. Вкупно беа истргувани 130 акции на Нова Стоковна куќа Струмица по просечна цена од 92.250 денари и остварен промет од 11.992.500 денари.
При крајот на трговскиот ден уште една блок трансакција беше реализирана и тоа со 100 акции на Скопски пазар АД Скопје по 14.550,00 денари за акција и вкупна вредност на трансакцијата од околу 1,45 милиони денари.
За обврзниците вчера немаше заинтересираност, па така индексот ОМБ остана непроменет на претходната вредност од 130,27 индексни поени.