Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Злоупотреба во милионски сум е откриена со државната помош за исплата на минималец од 14.500 денари од страна на Управата за јавни приходи. Газди земале пари од државата, но ниту денар не префрлиле на работниците. Други пак им исплатиле помалку од минималецот.
Така 708 компании земале над 385.000 евра од државата за исплата на 14.500 денари за работниците за април и мај, но на 1,709 вработени не исплатиле ниту денар. 20 од овие компании земале и за април и за мај, но не ги префрлиле на работниците.
Други пак 3.746 компании на 52.465 работници им го скратиле и минималецот и исплатиле на сметките на работниците 1,5 милиони евра помалку.
Станува збор за микро,мали и средни компани, најмногу од Скопје Тетово, Струга, Гостивар, Куманово. Најмногу се од дејностите, трговија на мало, подготовка на оброци и служење храна, транспорт. А меѓу компаниите кои ја злоупотребиле државаната помош има и еден медиум.
УЈП со последен апел до компаниите кои ја злоупотребила државната помош , да ги префрлат парите на работниците во спротивно покрај што ќе платата глоба, присилно ќе им ги наплати со камати. Ако не извршат исплата имињата на компаниите јавно ќе бидат објавени.