Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денеска (16 септември), во рамките на ИФФК „Браќа Манаки”, со почеток од 19,00 часот, ќе се одржи македонската премиера на играниот филм „Отворена врата” во режија на Флоренц Папас.
Продуцент на филмот е Bunker Film+ од Албанија (Ено Милкани), а како копродуценти се јавуваат Circle Film од Косово (Бесник Крапи), Lupin Film од Италија (Рикардно Неро) и Авард Филм и Видео од Македонија (Владимир Стојчевски и Горан Стојилковиќ).
Како македонски дел од екипата во проектот учествуваат и актерот Висар Вишка, композиторот Александар Пејовски, Фејми Даут како прв асистент на камера, дизајнерот на звук Игор Поповски од студиото Аудиохаус, заедно со целосната екипа на секторот звук составена од Ристо Алчинов, Илија Цветковски, Драган Спасов, Ненад Стефаноски и Леотрим Вока.
Проектот, кој својата светска премиера ја имаше пред еден месец во Главната програма на Сараевскиот Филмски Фестивал, е реализиран со поддршка на Националните филмски центри на Албанија и Косово, како и со поддршка на Еуримаж.