Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со почеток од 1. февруари, поштенските услуги во Македонија поскапуваат во просек за околу 7 отсто, но за некои пратки цените ќе рипнат и до 15 отсто. Пошта го објави новиот ценовник според кој поскапуваат стандардните поштенски услуги во внатрешниот сообраќај.
За стандардното писмо до 50 грама ќе се наплаќаат 36 денари, досега се наплаќаше 26 денари за обична пратка. Новата цена за препорачано писмо е 90 денари, а за вредносно обично писмо 126 денари.
Кај нестандардното писмо со тежина од 100 грама до 2 килограми цените сразмерно растат. Така за писмо со тежина до 100 грама цената се зголемува од 34 денари на 48 денари, ако се испраќа како обична пошра. за препорачана пошта се наплаќа 102 денари, а за вредносното писмо до 100 грама ќе чини 138 денари. За писмата кои тежат до 1 килограм, од 1 февруари пошта ќе наплаќа по 128 денари ако е обична пратка, 182 денари за препорачана, а за вредносна пратка 218 денари.
За најтешките писма до 2 килограми ќе се наплаќаат 176 денари за обична пратка 230 денари за препорачана, а за вредносно писмо со оваа тежина ќе се наплаќа 266 денари.
Зголемена е цената на поштенската картичка (стандардна и нестандардна) од 9 на 16 денари.
Нови цени има и кај услугите за мали и големи пакети, кај печатените пратки како и диткетните пратки.
Со новиот ценовник се укинува цената од првата зона за испраќање пакети и ќе важат само цените од втората зона, а цените на поштенските пратки традиционално се ослободени од плаќање ДДВ.
Новиот ценовник на Пошта е одобрен од Агенцијата за пошти.