Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бизнисменка од Македонија заработи 100 милиони долари. Денес, таа има компанија од која зависат повеќе од 300 семејства, пишуваат од vrabotuvanje.com.mk.
Станува збор за Сузан Ницовски, инаку американка со македонско потекло, која што основајќи ја компанијата “Летни Свежи Салати“ (Summer Fresh Salads Inc.) успеа да заработи повеќе од 100 милиони долари продавајќи преку 3000 видови на салати.
Идејата за ваквиот бизнис Сузан ја добила од фактот дека постојат голем број на луѓе кои се гладни и сакаат да се хранат здраво меѓутоа истите тие немаат доволно време за да си подготват нешто. Покрај тоа, таа вели дека храната била отсекогаш дел од нејзиното семејство бидејќи сите нејзини претци имале љубов кон готвењето.
Тајната на успех од Сузана се темели во тоа што нејзините салати можат да истраат со денови, а нивниот вкус останува свеж. Тоа се должи на нејзините напредни знаења во полето на хемијата.
Таа, заедно со нејзината мајка, ја основале компанијата во едно мало гратче во Онтарио, а денес истата таа компанија прерасна во гигантски ентитет од кое се снабдуваат со зеленчук Канада и Америка. Summer Fresh Salads брои вкупно 300 вработени, а се произведуваат преку различни видови на салати.
Ваквиот успешен бизнис, на Сузан неодамна и донесе заработка во висина поголема од 100 милиони долари, а нејзината компанија стана лидер во дејноста. Покрај тоа, како награда за успешниот бизнис модел нејзината компанија освои голем број на награди од областа на здравата исхрана.
Сузан Ницовски, заедно со неколку успешни бизнисмени од Македонија и странство е член на одборот во “Македонија 2025“ – асоцијација на бизнисмени и професионалци.