Македонка си ја убила својата мајка во австралиски Бризбејн (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За громорозно убиство на нејзината мајка се сомничи дваесетгодишната Симона Зафировска од Бризбејн Австралија.

Симона, која има македонско потекло ќе биде изнесена пред суд, откако полицијата го пронашла телото на нејзината мајка Радица Зафировска на вториот кат од семејната куќа.

Симона јавила за случајот во полициската станица, а додека траела истрагата и властите го пребарувале нејзиниот дом таа била во друштво на нејзините пријатели.

Подоцна младата девојка била повикана на разговор во полициската станица, по што заминала дома и непосредно по разговорот била уапсена од страна на властите.

Како што јавуваат австралиските медиуми, раните на телото на 56 годишната жена биле застрашувачки и веројатно истите биле направени со тапи предмети.

Според австралиските медиуми, Радица и Симона важеле за мирни соседи и никогаш немале проблеми со нив.

Симона била студент, а Радица била вработена како хигеничарка.