Македонка сакала да прошверцува 62 литри домашна ракија и 13 штеки цигари


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во три патни торби во сопственост на државјанка на Република Македонија, царинските служебници од царинската служба на скопскиот аеродром пронашле 13 штеки цигари со македонски акцизни маркички и 62 литри домашна ракија.

Во друг случај, при контрола на патна торба на шведска државјанка со потекло од Косово, биле пронајдени 33 штеки цигари со македонски акцизни маркички. Во двата случаи непријавените производи се привремено задржани а против патниците ќе бидат поведени прекршочни постапки. И двете патнички планирале стоката да ја прошверцуваат во Шведска.