Македонка нова докторка на Хвар после шестмесечна криза за медицинско лице


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската лекарка Дивна Војновска е прва докторка во Суќурај, на хрватскиот остров Хвар, каде жителите цели шест месеци беа без лекар во местото. На првиот работен ден Дивна имаше прилично работа поради големата посета на пациенти.

Како што јавуваат хрватските медиуми , докторката дошла на радост на жителите , кои половина година биле без медицинска помош. Ниту еден доктор од Хрватска не се јавил на јавниот оглас за матичен лекар во Суќурај, на кој се нудело плата, стан и 7 000 евра бонус.

Првиот работен ден Дивна го поминала со полна амбуланта постари пациенти, кои сакале да им измери притисок, да им препише таблети за простата или едноставно да ја запознаат новата докторка.

Околу четиристотини жители на местото Суќурај повторно добија медицинска услуга, а во анкетата велат дека се многу задоволни од новата докторка од Македонија.

Докторката Војновска за да го добие ова работно место положила државен испит, како и уште 8 испити за нострификација на дипломата.

„Роднините во Македонија беа многу скептични, не им беше баш драго што заминувам. Но, потоа ја прифатија мојата одлука и еве, тука сум и убаво ми е”, изјави Војновска за 24sata.hr.

Нејзините први впечатоци со пациентите се одлични, а додава дека нема проблем ни со јазикот, бидејќи последните неколку месеци ги поминала во Хрватска, во Сплит, каде што работела на нострификација на дипломата.

„Требаше да ја нострифицирам дипломата, па следуваше процедура на прознавање на приправничкиот стаж, а потоа и полагање на државниот испит за доктор по медицина. Откако се положив и собрав се пријавив на огласот. Работата ја добив веднаш, но чекав уште малку за работна дозвола и тоа е тоа”, вели докторката Војновска.