Македонијатурист има 20 милиони евра на банка, еве што предлага за нив НЛБ Нов пензиски фонд


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Македонијатурист да откупува сопствени акции со право на глас во ценовна маргина од 3.250 денари до 4.300 денари по акција во период од една година и потоа да ги продаде или да ги поништи, пишува во предлогот што НЛБ Нов пензиски фонд , кој управува 41.863 акции во Македонијатурист.

Предлог одлуката е објавена на сајтот на берзата на 7 април на 12 дена пред закажаното акционерско собрание на Македонијатурист и ова претставува преседан во 25 годишната акционерска историја на корпоративното управување во Македонија заради тоа што акционер што не управува со фирмата, а нема ниту претставник во телата за управување и за надзор, предлага пари на фирмата да се потрошат за купување сопствени акции, пишува Фактор.мк.

Единствено нешто што не е наведено е тоа што во предлог одлуката не е наведена максимална количина акции што како сопствен откуп ќе може да ги откупи Македонијатурист што пак е наведено во ставот 1 на членот 333 од ЗТД.

Македонијатурист чува 20 милиони евра и нема проблем да вложи во сопствени акции

Друштвото на НЛБ што управува со пензиските фондови во своето образложение наведува дека вредноста на компанијата, изразено преку цената на акциите, сега е подценета и дека има простор за раст. Според, нив особено заради тоа што компанијата сега во депозити по банките чува 19,9 милиони евра. Според образложението друштвото има големи финансиски средтсва и нема да има никаков проблем да ги купи сите акции што ќе се понудат во ценовната маргина дадена во предлог одлуката. Според нив добра инвестиција е дел од тие средства да се искористат за купување на сопствени акции.

Според овој акционер воопшто не е законска пречка и тоа што и сега Македонијатурист има во сопствен откуп 10 отсто од акциите со право на глас. Тие се повикуваат на член 336 од Законот за трговски друштва во кој е дефинирано дека акциите кои се стекнати спротивно на членот 333 став 1 (ограничувањето што се однесува на максимум да се чуваат 10 отсто од сопствените акции) можат да се продадат или да се поништат во предвиден рок.

Како ќе реагираат големите подинечни акционери Таневски и Бибановска?

Генерално, инвеститорската заедница е многу скептична во однос на предлозите што ги даде овој акционер на Македонијатурист. Многумина се сомничави дека овој предлог може да помине кај двајцаат најголеми акционери: Доне Таневски кој поседува 19,18 отсто од акциите и Соња Бибановска со 11,27 отсто од акциите со право на глас. Заради тоа инвеститорите се резервирани дека друштвото на НЛБ тешко дека ќе може да избоксува да помине ваков предлог без согласност на Таневски и Бибановска кои, веројатно имаат поддржувачи и меѓу вработените-акционери кои ќе дадат поддршка. Македонијатурист има над 500 мали акционери домашни физички лица кои контролираат 30 отсто од акциите со право на глас на компанијата. Според многумина од фелата тешко е да се поверува дека повикот на друштвото што управува со пензиските фондови ќе обедини најмалку две третини од сите мали акционери физички лица кои не се под некакво влијание на други големи акционери. Можеби токму и од тие причини НЛБ Нов пензиски фонд предложи нето дивидендата по акција да изнесува 335 денари и со тоа да ги мотивира сите акционери кои се заинтересирани нешто да се промени во делувањето кај Македонијатурист.