„Македонијалек“ се извинија и апелираат: Грешката е техничка, вакцините се безбедни


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако на социјалните мрежи беа масовно споделувани фотографии од вакцини со поминат рок, овластениот увозник и дистрибутер на истите за Македонија, „Македонијалек“, се извини за грешката и порача дека вакцините се безбедни.

Од таму се правдаат дека се работело за техничка грешка, што ја забележале по извршената внатрешна контрола за проверка на наводите за можно присуство на вакцини на кои им поминал рокот.

„Кај мал дел од пакувањата се аплицирани старите декларации со датумот од претходниот увоз, односно октомври 2018. Овие пакувања се повлечени за да нема натамошни забуни во јавноста и соодветно ќе бидат заменети, а граѓаните може да бидат сигурни дека сите вакцини се со врвен квалитет и важечки рок. Нашата компанија се извинува за овој пропуст и непријатностите кои биле предизвикани. На вакциналните пунктови се дистрибуирани вакцини од две серии, едната со важност до мај 2019 година, а другата до јули 2019“, се наведува во соопштението од компанијата.

Во меѓувреме, продолжува вакцинацијата, поради прогласената епидеминија на мали сипаници во Скопје, но и поради забраната за примање на невакцинирани деца во градинка.

Лекарите велат дека родителите се повеќе прашуваат за потеклото и квалитетот на вакцините.