Македонија втор пат дел од проектот од светски рамки „Фудбал за пријателство“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонија по втор пат досега е дел од Интернационалниот проект „Фудбал за пријателство“. Оваа година, проектот на Компанијата „Газпром“ ќе обедини деца од 211 земји и региони. Новата, шестта сезона на проектот официјално беше отворена со одржување на „отворена ждрепка“ во Москва.

„Фудбал за Пријателство“ е Интернационална детска општествено-одговорна програма имплементирана од компанијата „Газпром“ – официјален партнер на ФИФА и Светскиот куп Русија 2018. Цел на оваа програма е вклученост на младите генерации ширум светот преку промовирање на најважните човечки вредности меѓу нивните врсници – пријателство, еднаквост, мир и почит кон различни култури и националности. Оваа година, вкупно 211 земји и региони се приклучија кон проектот. Главните настани од оваа сезона ќе се одржат во Москва, Русија, во период од 8 до 15 јуни годинава.

Вкупно 32 Интернационални тимови на пријателство беа формирани во текот на „отворената ждрепка“, во чии рамки беа определени и позициите за младите фудбалерски играчи – амбасадори од секоја од земјите учеснички (голман, дефанзивец, играч од среден ред или напад). Деца – фудбалери од различни националности, различен пол и со различни физички способности, на возраст од 12 години, ќе играат заедно во еден тим.

Сите играчи во интернационалните мешани тимови на пријателство ќе бидат тренирани од страна на млади тренери – фудбалски играчи на возраст од 14 до 16 години од различни држави. Повеќе од 5.000 медиуми ширум светот ќе ги пренесуваат програмските настани, а покрај нив за проектот ќе се известува и од Интернационалниот детски прес-центар, кој се состои од млади 12-годишни новинари од 211 земји и региони. Националната селекција за учесници во проектот кои ќе станат млади амбасадори на мирот, пријателството и еднаквоста во нивните држави е веќе започната низ целиот свет. Македонија, втора година по ред, ќе учествува со свои претставници во рамки на проектот „Фудбал за пријателство“, локално поддржан од агенцијата „АПРА Портер Новелли Македонија“.

Овие 32 тима ќе се натпреваруваат во рамки на Светското првенство на фудбал за пријателство кое ќе се одржи на 12. јуни.  Како еколошка иницијатива, во рамки на овогодинешната сезона на „Фудбал за пријателство“, сите 32. Интернационални тимови за пријателство се именувани по животни од загрозен вид од сите континенти во светот.