Македонија воведува построги рестриктивни мерки во следните две недели


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На денешната прес-конференција која ја одржаа премиерот Зоран Заев, министерот за здравство, Венко Филипче, и првиот човек на Комисијата за заразни болести Жарко Караџоски, беше најавено дека од утре во Македонија се воведуваат двонеделни построги рестриктивни мерки во борба со последниот пандемиски бран на коронавирусот.

Полицискиот час од утре па во следните 14 дена ќе почнува од 20 часот и ќе трае до 5 часот наутро, се забранува работата на сите угостителски објекти, освен за онлајн и телефонски нарачки, обложувачниците ќе работат само преку штанд и пулт, а во рестораните во хотелите мотелите, хостелите и другите сместувачки капацитети ќе можат да доаѓаат само оние што се сместени таму, нема да работат ниту фитнес-центрите и спортските сали, се забрануваат семинари, обуки и конференции, а оние што имаат домашни миленичиња ќе можат да ги изнесат надвор еден час, од 22 до 23 часот, и тоа најмногу 100 метри од местото на живеење.

Мерките за угостителските објекти, фитнес-центрите, спортските сали и обложувачниците ќе стапат во сила в среда, 7 април, и ќе траат до 20 април.

Исклучок остануваат угостителските објекти во двата аеродроми.

Лицата што во периодот на полицискиот час ќе бидат на вакцинација ќе можат да се врата до дома, а дозвола за движење ќе им биде потврдата за имунизација, додека земјоделците што се движат од ниви до пазарите и обратно ќе имаат дозволи како и претходно.

Од другите мерки, останува и строгата забрана за групирање на повеќе од четири лица.

Овие мерки ги усвои Владата на денешната седница по препорака на здравствените власти.

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција рече дека причина за заострување на мерките се најновите тенденции, кои покажуваат дека британскиот сој на вирусот зема сѐ поголем замав – расте бројот на заразени, на починати, а се зголемува и притисокот врз болниците, каков што досега немало кај нас од почетокот на пандемијата пред една година.