Македонија во портокалова фаза


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во текот на следните три дена, почнувајќи од денеска до сабота, територијата на целата држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза.

Министерството за здравство со цел заштита на здравјето на луѓето, препорачува од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години. На работодавците им се препорачува да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Министерството за здравство препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено се препорачува на градинките да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во истиот период.

„За граѓаните од целата држава потсетуваме дека е потребно да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица. Поради повисоките температури кои се најавуваат за следните денови напоменуваме дека е потребен повисок степен на внимание при подготовка и консумирање на храната“, се наведува во соопштението.

Топлото време ќе се задржи до недела попладне кога според Управата за хидрометеролошки работи поради брз продор на влажна и посвежа воздушна маса од север, се очекува да има врнежи од дожд, појава на грмежи и засилен северен ветер. Тогаш ќе има и значително опаѓање на температурата. В недела позначителен пад на температурата ќе има во западните и северните делови, а в понеделник насекаде ќе биде посвежо, а максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 31 степен. Потоа температурата ќе биде во постепен пораст.