Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Смрди, ќе испоцркаме за воздух, Се угушив на точак, душава ми смрди на отров, Имаме ли Министерство за животна средина? и иронични коментари како Барем гледаш што дишеш, објавија граѓаните на социјалните мрежи откако последниве денови живеат со екстремно загаден воздух кој се регистрира во скоро сите градови кои имаат мерни станици.
Вчера рекордна загаденост беше забележана во Куманово со скоро 750 микрограми ПМ10 честички на кубен метар. На мерните станици во скопско Лисиче и Ректорат загадувањето беше и десет пати над максималната граница, додека Тетово и Битола беа загадени до седум пати преку над дозволеното. Денеска високото загадување продолжи да се одржува. Во сите делови на Скопје загадувањето беше помеѓу три и пет пати повисоко од дозволеното. Многу загадено беше и во Битола, Тетово, Кичево, Куманово и Велес.
Загаденоста во повеќе македонски градови и општини измерена синоќа во 22 часот се движеше од 4 до 15 пати над максимално дозволеното ниво, според апликацијата МојВоздух.
Еко-свест, заедно со повеќе други граѓански организации, пред две недели излегоа со план за справување со аерозагадувањето кој го понудија на институциите. Од Град Скопје добиле уверување дека нивните мерки ќе се земат во предвид, но истовремено објасниле дека имаат пречки.