Македонија во чест на свети Кирил и Методиј


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во рамки на традиционалната манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“ државно-црковна делегација од Република Македонија, во среда ќе се поклони на гробот на свети Кирил во Рим.

Делегацијата ќе ја предводи министерот за надворешни работи Никола Попоски, а со молебенот на гробот на светителот ќе чиноначалствуваат митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј и митрополитот европски Пимен.

Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов поради престојот во Москва, в петок ќе престојува во Рим и ќе ја предводи државно-црковната делегација на аудиенцијата кај папата Франциско.

Иванов во Апостолската палата ќе има средба и со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пиетро Паролин.