Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со траење од 30 мај до 7 јуни 2020 година, Македонија ќе биде домаќин на Светското фудбалско првенство за непризнаени држави и региони, објави Конфедерација на независни фудбалски асоцијации (CONIFA).
На ова планетарно фудбалско натпреварување учество земаат држави и региони кои официјално не се признати од Обединетите Нации, ФИФА и УЕФА.
Непризнати земји и региони кои учествуваат на овие првенства се Карпатија, Северен Кипар, Крим, Абхазија, Јужна Осетија, селекцијата на Ромите, Курдистан, Тибет, Квебек, Занзибар и другите членки на CONIFA Натпреварите на ова СП 2020 ќе се играат на арената „Тодор Проески“, која, како комерцијален објект, е изнајмена од CONIFA.
Ова првенство се игра на секои две години, а последен победник е репрезентацијата на Карпатија, област во Украина, која во финалето ја победи селекцијата на Северен Кипар.