Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во периодот 9-25 февруари 2018 година, во ПјонгЧанг ќе се одржат 23-те Зимски олимписки игри, на кои ќе настапат и тројца Македонци.
Антонио Ристевски – Алпско скијање / дисциплини: слалом и велеслалом
(освоена А норма)
Ставре Јада – Крос кантри / дисциплини: спринт и 15 км. (освоена А норма)
Викторија Тодоровска – крос кантри / дисциплина 10 км/.
Македонската олимписка делегација заминува за ПјонгЧанг на 7 февруари 2018 година, а свечената презентација ќе се одржи на 5 февруари 2018 година.
Спортистите ќе бидат сместени во две олимписки села и тоа ПјонгЧанг (каде што ќе бидат сместени македонските спортисти) и Гангнеунг. На 23-те зимски Олимписки игри треба да настапат спортисти од 92 држави односно Национални олимписки комитети и тоа во 7 спортови, 15 спортски дисциплини и во 102 спортска натпреварувања.
Следните зимски олимписки игри ќе се одржат во Пекинг, НР Кина, во 2022 година.