Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Македонија падна од 10. на 17. место на „Дуинг бизнис“ листата која ја креира Светска банка.
Според Владата, 17. место на листата ја прави земјава лидер во регионот според спроведените реформи. Македонија е подобро рангирана од сите земји во регионот, како и од 24 земји членки на Европска унија.
Извештајот на Светска банка ги оценува реформите во 10 области, а земјава има напредок во три и тоа добивање градежни дозволи, пристап до електрична енергија и спроведување договори. Во останатите 7 области нема промени во однос на лани.
Од опозициската ВМРО – ДПМНЕ нема став за последните промени на ранг листата. Инаку, во времето на владеењето на оваа партија Македонија имаше и подобри рангирања на оваа листа.
Експертската јавност беше на став дека извештајот на Светска банка ги мери реформите на хартија, односно промените во законската регулатива, а не спроведувањето на законите.
Бизнис секторот пак и сега бара поефикасно спроведување на законите. Стравуваат дека новите избори ќе бидат пречка за тоа, ќе трпат реформите, ќе трпи економијата.
„Сега имаме безмалку шесмесечен изборен процес, па после има 30 дена за формирање Влада, па 100 дена Влада. Значи, новата Влада ќе почне да работи дури од септември што би било многу дури и за германското стопанство, а не пак за македонското“, вели Горан Рафајловски, бизнисмен.
Извештајот на Светска банка рангира 190 земји, а годинава е сменета и методологијата по кога се врши рангирањето.