Македонија со буџет од 3,9 милијарди евра во 2020 година


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Буџетот за следната 2020 година ќе изнесува 3,9 милијарди евра, а министерката за финансии, Нина Ангеловска, изјави дека истиот ќе биде реален и ќе ги лоцира приоритетите и реалоцира парите на граѓаните таму каде ќе дадат најдобри резултати.

Расходната страна ќе има раст раст од 5 отсто во однос на годинава. Или 32,4 отсто од БДП е расходната страна, приходната 30 отсто. Дефицит ќе биде 2,3 пониско од БДП, или понизок од 2018 година. Тоа ќе го стабилизира државниот и јавниот долг, рече Ангеловска.

Ќе се вложува во капитални инвестиции, патишта, водоснабдување. Парите од ТАВ, 35 милиони евра од аеродромот Штип, ќе бидат за водоводи и канализации. Подобрување на животната средина. Модернизација на железничка инфраструктура. Со заем од Светска банка изградба и реконструкција за проектот за локални патишта, во износ од 70 милиони евра, рече претходно премиерот Заев.