Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По кратко, но тешко боледување, синоќа во Велика Британија, на 66-годишна возраст почина еден од најквалитетните и најплодни македонски драмски автори, Горан Стефановски.
Последните години од својот живот ги помина во Велика Британија, во близина на Лондон, од каде што вечерва стаса и веста за неговата смрт.
Горан Стефановски е еден од најплодните и најпознати драмски автори, не само во Македонија, туку и пошироко во регинот. Од „Бушава азбука“, преку неговите незаборавни драмски текстови кои се играат на сцени и низ Европа, Стефановски зад себе остави антологиски драми како „Диво месо“, „Тетовирани души“, „Дупло дно“, „Лет во место“ и многу други.
Горан Стефановски е роден на 27 април 1952 година во Битола. Филозофски факултет завршил во Скопје, а студирал на драматургија на Академија за драмски уметности во Белград.
Кариерата ја започнал во Телевизија Скопје, бил асистент на скопскиот Филолошки факултет, професор по драматургија на Драмски во Скопје, член на македонскиот ПЕН центар, на Друштво на писатели, а од 2004 година член на МАНУ.