Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонија се задолжи со 530 милиони евра за буџетски потреби кај ММФ преку кредитната линија за претпазливост која трае 24 месеци. На располагање за годинава Македонија ќе има 110 милиони евра, соопшти министерството за финансии.
Парите ќе се искористат за финансирање на буџетските потреби и за полесно соочување со шоковите кои ги донесе енергетската и ценовната криза.
Според министерството пристапот до овој финансиски инструмент, испраќа силни сигнали од страна на ММФ за домашната економија на меѓународните пазари и инвеститори. Во соопштението не е наведена каматата по која ќе се враќаат овие пари.