Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред неколку минути, во 22.17 часот, беше почувствуван силен земјотрес од 4,7 степени во мавровскиот регион, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Неколку минути подоцна беше регистриран уште еден од 4,4 степени.
Епицентрите на земјотресите се на 19 километри југозападно од Гостивар, на длабочина од 2 километри.
Вечерва и неколку послаби земјотреси беа регистрирани во овој регион. Во Маврово од ноември до денеска беа регистрирани десетина земјотреси од кои најсилниот беше од 5 степени лани на 11 ноември.