Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Министерството за информатичко општество, преку работна група во рамки на својот ресор ќе утврдува кои мерки се неопходни за воведување 5G, а се подготвуваат и измени на закони кои се потребни за воведување на новата технологија.
– Ова е технологија која ќе донесе вистинска револуција и ќе го смени секојдневнието. Таа не значи само побрза пренос на податоци, туку ќе донесе и нови функционалности во сите сфери на општеството и бизнисот, рече министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на денешната јавна расправа на тема „Мерки и активности потребни за воведување 5G мобилната технологија во Република Македонија“.
Придобивки ќе имаат многу сектори, транспортот, енергетиката, индустријата, здравството, медиумскиот сектор, забавата, а ние, потенцира Манчевски, на почетокот на процесот треба да погледнеме како да ги искористиме сите поволности што ги нуди оваа технологијата.
– Градовите кај нас и во светот се соочуваат со големи предизвици. И во Скопје во последно време зборуваме за смарт сити, но далеку сме од тоа, но може да работиме на подобра енергетска ефикасност, квалитет на воздухот, зголемена ефикасност на превозот, комунални услуги и се она што значи пдоборување на квалитетот на живот на граѓаните. Оваа технологија ни овзоможува како тоа автоматизирано да го правиме, истакна Манчевски.
Тој потсети дека до 2020 година најмалку еден голем град во земјите членки на ЕУ треба да обезбеди 5G, додека до 2025 година сите урбани населби, главни патишта и железница треба да имаат непрекината 5G покриеност.