Македонија рутински до втората победа на Светско првенство!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација без поголеми потешкотии ја совлада селекцијата на Бахреин (28:23) за втора победа на Светското првенство.

Првото полувреме го започнавме одлично и поведивме со 6:3, но потоа следуваше пад во играта и 11 минути без постигнат гол. Тоа го искористи Бахреин и стигна до водство од 7:6, но потоа се консолудиравме и на полувреме заминавме со предност од 12:8.

Вториот дел тргнавме фириозно и стигнавме до 6 гола разлика, а потоа рутински ја одржувавме предноста до крајот за конечни 28:23.

Капитенот Лазаров и денес беше најевикасен во нашата репрезентација со 8 гола, а го следеше Кузмановски со 4 погодоци.