Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради актуелната ситуација со пандемијата на ковид-19 кај нас, Германија ја врати Македонија на листата на ризични земји и со најновата одлука на германските власти, од македонските државјани при влез во Германија се бара електронско пријавување и поседување на потврда за вакцинација или за прележан ковид или негативен ПЦР тест.
За лицата кои не биле заразени со Ковид и не се вакцинирани, следува мерката за 10 дневен карантин, при што можат да бидат ослободени најрано на петтиот ден со тестирање за ковид-19. Од оваа мерка се ослободени невакцинираните деца до шест години, на кои сепак карантинот им се прекинува по пет дена.
Нов ковид-протокол има и Финска. Таму сите лица, вклучувајќи и наши државјани, кои не можат да се вакцинираат против ковид-19 од медицински причини, можат да влезат доколку имаат лекарско уверение кое го покажува тоа, заедно со потврда за негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа. Сите останати (освен оние со регулиран престој) кои пристигнуваат во Финска и натаму се задолжени да приложат доказ за целосна вакцинација или оздравување од ковид-19 (во изминатите шест месеци) заедно со негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа.
И Владата на специјалниот административен регион Хонг Конг донесе одлука за измена на условите за влез, според која Македонија се наоѓа во Група А земји каде се детектирани случаи на омикрон. Поради тоа, се ограничува влез на наши државјани и странци (кои не се резиденти на Хонг Конг), а кои во изминатите 21 ден престојувале во Македонија. Дополнително, дозволен е влез за резиденти на Хонг Конг, но со 21 дневен задолжителен карантин и 6 ПЦР теста.