Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонската радио телевизија ги загуби правата за пренесување на квалфикациски натпревари на репрезентацијата, но и Лигата на шампионите која од следната сезона нема да биде дел од македонската публика.
УЕФА денеска го соопшти списокот на сите кои ги добиле телевизиските права за следните три години, помеѓу кои не е МТВ.
Од 2015 година, Арена е таа која ги има правата за сите натпревари, додека МТВ емитува само еден меч неделно.
Македонски телеком ги има истите права кои досега ги имаше МТВ. Со оглед на тоа дека сега понудената сума е повисока, Телеком ќе треба да направи сопствена платформа преку која ќе ги пренесува средбите на некој од Макс Тв Каналите.
Изненадува што специјализираниот спортски канал „Арена“ ги загуби правата за Хрватска, таму од наредната сезона одат во рацете на „ВИПнет“.
На листата на УЕФА пишува дека во Хрватска и Србија правата ги имаат нивните национални куќи, но веројатно за истиот пакет кој го имаше и МТВ, заклучно со оваа сезона.