Македонија остана на 68-то место на ФИФА ранг листата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација го задржа 68-то место на ФИФА ранг листа и покрај големиот пораз од Ерменија на последниот натпревар.

Лошиот резултат од дуелот со Ерменија резултираше во стагнирање наместо напредок на македонската репрезентација на ранг листата.

Од противниците на Македонија во групата од Лигата на нации најдобро котира Ерменија (101 место), Лихтенштајн е на 182-та позиција, додека Гибралтар се наоѓа на 190-то место.

На врвот и натаму е Белгија пред Франциај и Бразил. Во ТОП 10 уште се и: Хрватска, Англија, Уругвај, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.